Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска сподели лична искуство како пример за функционирањето на системот „Безбеден град“.
„Утрово, додека се движев со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок, бидејќи се движев со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата“, напиша Тошковски.
Тој посочи дека системот постапува еднакво кон сите граѓани и дека санкцијата следи секогаш кога е регистриран прекршок, без исклучоци и селективност.
„Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност“, нагласи министерот.
Тошковски потенцира дека целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи.
„Со алармантниот број на жртви на патиштата, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување“, додаде тој.