Македонија

Министерство за култура: Мал пожар кој веднаш беше изгаснат од вработените, МВР и ЈО вршат увид

Од Министерството за култура денеска информираат дека во просториите на Министерството избило мал пожар, кој веднаш бил изгаснат од вработените со ПП апарат.

Според протоколите за работа сите вработени од Министерството биле евакуирани навремено.

Повикана била и Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.

„Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста“, велат од Министерството

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни