Македонија

Министерство за правда се пофали – заштедиле 25% електрична енергија во октомври споредено со истиот месец минатата годинa

Министерство за правда се пофали – заштедиле 25% електрична енергија во октомври споредено со истиот месец минатата годинa

Министерството за правда, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година.

Со цел рационално користење и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките , да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да да ги користиме рационално и да бидеме солидарни.

Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите.Енергетската ефикасност ,односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање.

Министерството за правда и во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни