Министерот за култура, Асаф Адеми денеска го претстави сработеното и проектите кои ова министерство ќе ги реализира следната година. Тој изјави дека во текот на оваа година се реализирани повеќе од 2.000 проекти поддржани во годишните конкурси на Министерството за култура. Адеми исто така спомна и многу други реализирани проекти во рамките на министерството, во областа на книжевноста, драма, кинематографија итн. Во контекст на подобрување на културната клима во Македонија, Адеми рече дека Министерството за култура направила голем чекор од аспект на зголемување на степенот на реализација на зацртаните програмски активности во сите градови на земјата. Министерот исто така додаде дека следната година ќе се ангажира уште повеќе за подобрување на работните услови на вработените во културните институции.
„Повеќе од 2.000 проекти поддржани во годишните конкурси на Министерството за култура се реализирани годинава, а според направените анализи во Министерството за култура, во сите дејности има висок степен на реализација на зацртаните програмски активности. Во контекст на нашите напори за подобрување на културната клима во земјава и распределба на во сите градови и населените места во Македонија, претставува голем чекор кон зголемувањето на реализираните настани“, изјави Асаф Адеми – министер за култура.
