Балкан

Министерството за внатрешни работи на Србија апелира да се предаде нелегалното оружје

Министерството за внатрешни работи на Србија апелира да се предаде нелегалното оружје

Во петокот членовите на Владата ги усвоија мерките што претходно ги најави претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кои беа предложени по злосторството во Младеновац, јавува РТС.

Една од мерките што треба да доведе до намалување на бројот на нелегалното оружје што го поседуваат српските државјани е можноста за негово предавање без последици.

„Ако земете нелегално оружје до 8 јуни, никој нема да ве праша од каде сте го набавиле, нема да одговорите затоа што сте го чувале и носеле неовластено, но доколку не ја искористите таа можност, ќе има драконски казни – нема да има условна казна“, изјави професорот др. Дејан Ѓурѓевиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни