Министерството за здравство продолжува со подобрување на здравствените услуги и грижа за пациентите

Министерството за здравство продолжува да ги презема сите неопходни мерки за да ја осигура највисоката можна грижа за пациентите, додека истовремено се реализираат неопходните обновувања и подобрувања на здравствените установи.

„Реновирањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е важен проект кој има за цел да го зголеми капацитетот и квалитетот на услугите кои се нудат на пациентите.

Министерството за здравство активно работи на пренасочување на пациентите кои имаат потреба од интензивна нега во други високо специјализирани здравствени установи, како што се ГОБ ,,8 Септември”, Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и Клиниката за неврохирургија.

Овие мерки ќе осигураат дека пациентите ќе добијат најдобра можна грижа без никакво намалување на квалитетот на услугите.

Проектот на реновирање е целосно во согласност со планот за модернизација на здравствените капацитети, кој има за цел да ја зголеми ефикасноста на здравствениот систем во долг рок. Министерството за здравство ги има во предвид сите потреби на пациентите и продолжува да се грижи за нивната здравствена безбедност во текот на овој процес“, велат од министерството за здравство во соопштение до јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното