Македонија

Министерството за здравство реагира по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство

Министерството за здравство реагира по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство

Министерството за здравство изразува сочувство до родителите на починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во врска со случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа ќе следи и стручен надзор.

„Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај и за преземените активности од стручен аспект“, стои во соопштението.

Јавноста и семејството се замолуваат да почекаат на наодите од надзорите и обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртта на новороденчето, за да не се создава немир пред добивање на конечните резултати.

Министерството истакнува дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивање на сите наоди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни