Македонија

Минусни температури низ цела Македонија

Минусни температури низ цела Македонија

Минусни температури низ цела Македонија, а најстудено било во Скопје-Петровец и Берово каде се измерени -6 степени.

-5 степени има во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес, Mаврови Анови, -1 во Претор, Виница, 1 Гевгелија, Kрушево, Попова Шапка.

Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни