Кујна

Мирисот на детството: Ванилини кифлички за вкусен појадок

Уживајте во празниците со овие вкусни благи кифлички!

Потребни состојки:

  • 250 грама брашно
  • 100 грама ореви
  • 50 грама шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 210 грама путер

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите состојки, замотајте го во фолија и оставете го да отстои во фрижидер на околу саат време. Потоа извадете го и обликувајте го тестото во форма на кифлички (или во која било друга форма сакате).

Подготвените кифлички наредете ги во тава со хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 8-10 минути. Кога тие ќе заруменат, извадете ги од рерната и оставете ги малку да се оладат, па кога ќе бидат млаки, просејте шеќер во прав над нив.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни