Македонија

Мисајловски: Легитимно е ДУИ да бара премиер Албанец

Барањето на ДУИ за прв премиер Албанец е легитимно и тие тоа може да го бараат, но во моментов треба да се разговара околу тоа што тие го имаат како програма, побара носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Јас вака ќе кажам. Нека одберат граѓаните кој ќе биде премиер, легитимно е. Легитимно е барањето на ДУИ за премиер Албанец. Но убаво кажа мојот колега, тие имаат некоја програма, некој концепт ајде да зборуваме за тоа“, рече Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека идниот премиер треба да се обраќа кон сите и да мисли за сите без поделби.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни