Мистерија на аеродром, никој не знае што се случува: Паркиран голф за една година „заработи“ 200.000 евра казна!

Повеќе од една година напуштениот сив фолксваген голф со хановерски регистерски таблички стои на краткотрајниот паркинг на аеродромот Берлин-Бранденбург.

Автомобилот е паркиран директно пред влезот на аеродромот, каде првите десет минути паркирање се бесплатни, а потоа се наплаќаат пет евра за секои дополнителни 15 минути. Мистериозниот Golf досега има собрано околу 200.000 евра казни за паркирање.

И покрај напорите на надлежните, сопственикот на возилото сè уште не е пронајден. Постојат сомнежи дека возилото е можеби украдено и оставено таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното