Митровски: Затворот не би ја спречил трагедијата на „Партизанска“

Адвокатите Јанаки Митровски и Алмир Алиспахиќ беа гости во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21, каде разговараа за трагичниот случај на смртта на Фросина Кулакова, која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ од 20-годишно момче, кое било под дејство на алкохол, немало возачка дозвола и имало бројни прекршоци.

Во разговорот, водителот на ТВ21 постави прашање: „Дали доколку момчето кое ја усмрти Фросина било во затвор, немаше да имаме трагичен настан?

Адвокатот Митровски одговори: „Прво да изразам сочувство за загубата, иако зборови на утеха нема. Без разлика колку нема да и се допадне на јавноста, одговорот е не. Кога се изрекува казна затвор, таа не се ефектуира веднаш. Потоа еден месец се носи писмена пресуда, потоа има правни акти, жалба од двете страни. Значи, не се влегува веднаш во јавност На профил на личност како што е младиот господин кој нема респект кон човечки живот, може и за време отсуство од викенд да направи беља. Ние имавме таков случај со Кичеец кога усмрти лице откако беше од отсуство за викенд, и доби срамна пресуда од шест месеци“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното