Македонија

Мицкоски: Ако има такви судии во Врховен, може да претпоставите што се случува надоле во другите судови

Мицкоски: Ако има такви судии во Врховен, може да претпоставите што се случува надоле во другите судови

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше спогодбите на Обвинителството со судиите Иџет Мемети и со Наќе Георгиев.

„Мене ми е драго што тогаш во Техничката влада МВР спроведе перфектна акција, која покажа дека имаме корумпирани судии во Врховен суд. И ако има такви судии во Врховен, може да претпоставите што се случува надоле во другите судови. Понатаму Иџет Мемети како претседател на Советот за јавни обвинители постигна спогодба со Обвинителството. Тука е јасна спрегата меѓу судско обвинителскиот систем, затоа оние тефтерчиња од едно минато се заменија со нови тефтерчиња од Речица и Бихаќка. И затоа довербата во судството ни е 2%“, рече Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни