Премиерот Христијан Мицкоски повика Обвинителството да го сослуша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако косовските медиуми пренесоа дека Ахмети изјавил дека Артан Груби се наоѓа на територија на Албанија и ќе се врати само под услов да нема селективна правда.
– Се надевам дека Обвинителството ќе го повика Ахмети да даде одговор каде е бегалецот од правдата. Важно е секој да се соочи со правдата и да ја докаже својата невиност или вина, изјави Мицкоски.
Јавното обвинителство соопшти дека за Груби е распишана национална и меѓународна потерница, а надлежните органи имаат овластување да повикуваат лица кои може да имаат информации за неговата локација.