Мицкоски до Ковачевски: Лаже дека и во 2021 сме имале најниски цени на горивата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на прес конференција реагираше на изјавата околу цената на горивата на екс премиерот Димитар Ковачевски дадена во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Како што вели, Ковачевски лаже дека и во 2021 година Македонија имала најниски цени на горивата

„И она кое, што го слушам изменативи денови, а исто така имав можност да слушам накратко едно интервју дадено од предходниот председател на владата, господинот Ковачевски, во едно интервју, дека и тогаш, кога била кризата во 2022, сме имале најниски цени во регионот, што е лага, што не е вистина, не се такви цените тогаш во 2022 година и ќе го подсетам, тогаш инфлацијата беше со двоцифрен број проценти на месечно ниво, сега е 4,9, поради тоа што минатата година во истиот тој месец имавме мерки, така што основата со која што се споредува е прилично ниска и тие мерки траат и овој месец, бидејќи минатата година, Велигдан беше на 21 април, имавме Рамазанска и Велигденска кошница“, рече Мицкоски.