Македонија

Мицкоски до Урсула Фон дер Лајен: Вашиот реизбор е инспирација за нас

Мицкоски до Урсула Фон дер Лајен: Вашиот реизбор е инспирација за нас

Премиерот Христијан Мицкоски во името на Владата и во негово лично име, упати најискрени честитки за Фон дер Лајен.

„Во име на Владата и во мое лично име, Ви упатувам најискрени честитки за вашиот повторен избор за Претседател на Европската комисија. Вашето повторно именување е потврда за вашето успешно водство и посветеност кон европските вредности и заедничкиот просперитет.

Вашето лидерство во овие предизвикувачки времиња е инспирација за сите нас кои се стремиме кон подобра и пообединета Европа. Сигурни сме дека вашето искуство и визија ќе продолжат да ја водат Европската унија кон нови висини на развој.

Остануваме посветени на европскиот пат и со нетрпение очекуваме да продолжи соработката со Европската комисија под вашето водство, со цел постигнување на нашите заеднички цели за стабилност, безбедност и напредок“, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни