Премиерот на Македонија ги повика иселениците да се вратат во својот роден крај, истакнувајќи дека секој родум од Македонија е важен за државата.
На владиниот форум што се одржа во Владата, тој порача дека каде и да одат и колку и да се успешни надвор од земјата, секогаш ќе останат дојденци доколку не се вратат дома.
„Причините за заминување се објективни, но како Влада работиме на создавање подобри услови за живот, стабилност и правна сигурност. Мора сите заедно да се бориме против притисоците кои ги тераат нашите граѓани да ја напуштат земјата“, истакна премиерот.
На форумот, повратниците ги споделија своите причини за враќање во Македонија. Ана Дуковска од Охрид, која заминала во САД во 2007 година, раскажа за своето враќање. И имаше и такви кои никогаш не заминале, туку во Македонија го препознале својот дом.
Претседателот на форумот Мицковски потенцира дека Владата ќе продолжи со нови законски решенија за да се зголеми бројот на повратници во земјата.
Според статистиките за 2025 година, во споредба со изминативе десетина години, се забележува поголем број повратници и намален број на лица кои се откажале од македонското државјанство.
