Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до јавноста, соопшти дека, сепак, постоело барање за Анекс за Договорот за добрососедство со Бугарија, што било потврдено од страна на Красимир Каракачанов.
„Иако Заев во изминатите недели велеше дека нема барање за нов договор од страна на Бугарија, Каракачанов денес потврди дека е потребен нов анекс на Договорот, во кој ќе бидат вклучени максималистичките и неевропски барања, кои беа содржани во Меморандумот на Бугарија. Предупредив за ова, но власта не се грижеше воопшто“, вели Мицкоски кој побара обединување на македонската нација.
„Нема преговарање за корените на македонскиот јазик и ги предупредувам егзибиционистите во оваа влада да не се дрзнуваат да прифаќаат ултиматуми кои што не се европски“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
.
