Мицкоски: Ќе ги победиме сите, и оние кои вчера застанаа рамо до рамо со нив!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Владата на Република Македонија, денеска им се обрати на учесниците на протестот кој го организираше опозицијата, искажувајќи го незадоволството од работата на актуелната власт.

Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази, како што кажа самиот ова „зло“, но дека ќе ги поразат и оние кои вчера ги поддржале (веројатно алудирајќи на Митко Јанчев кој вчера изјави дека ќе се бори заедно со Заев против опструкциите на Мицкоски).

Се вчитува...

„Сакам да им порачам на оние кои се спроти нас, ќе ве победиме сите, од прв до последен.

Ќе дојдат и избори, сакам да бидам искрен до крај. Така и овој пат, за да има избори, мора да се избориме. Ќе дојдат и избори. Еве ги претседателските, ајде тука жестоко да победиме. Тоа е првиот чекор кон триумфот на овие луѓе, кога ќе си ја ослободиме татковината од спрегите на тие што се внатре во Владата. А до тогаш тука да се наоѓаме ширум улиците и плоштадите. Само така ќе дојдеме до избори и до посакуваниот триумф. Тоа е единствената формула.

Ви ветувам дека ќе работам три пати повеќе од што работат тие кои се сега внатре во Владата за да ги победиме, а кога ќе ги победиме ќе работиме пет пати повеќе да ја исправиме Македонија на нозе.

Сега е тоа време, време е за акција. Ова не е битка за ден или два. Ќе трае подолго, и свесен сум дека ќе се обидат со подмолни удари да не поткопаат, но ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме, и нема алтернатива. Дури и оние нови поддржувачи кои застанаа рамо до рамо со нив од вчера. Сите на куп ќе ги победиме“, рече Мицкоски на вечерашното обраќање.

Извор: ТВ21