Мицкоски: Македонија е пред Албанија на европскиот пат

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Тој изрази несогласување со дел од оценките на некои еврокомесари, според кои Албанија е пред Македонија на европскиот пат.

„Да ги направиме уставните измени, па потоа да добиеме ново вето и дополнителни проблеми – и така ќе добиеме петка“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека по одржаните избори, Владата ќе се фокусира на реформи во правосудниот систем.

„Исклучително сум задоволен од Извештајот затоа што нема уназадување. Има стагнација на неколку области, и затоа се потребни промени во судскиот совет и обвинителството, и сега после изборите многу сериозно ќе се занимаваме со таа тема. Генерално можам да го оценам како добар, но не можам да се сложам со констатацијата дека некои земји се пред нас кон ЕУ. Ние сме многу пред Албанија, иако некои од еврокомесарите изјавуваа тоа што изјавуваа, така да кога ќе се анализира која е спремна земја, Црна Гора е прва, Македонија и Србија на второ место, па потоа следуваат Албанија, БиХ“, кажа Мицкоски.