Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Северна Македонија очекува поддршка од соседните држави на патот кон Европската Унија и дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка во евроинтеграциите.
Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека земјата треба да биде оценувана врз основа на реалните резултати и постигнувања, а не според отворени билатерални прашања.
„Нашата амбиција е јасна – членство во Европската Унија, со поддршка од соседите и фер пристап во процесот на оценување“, напиша премиерот.
Очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од Европската Унија и она коешто е најважно да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања. pic.twitter.com/cfCtQLErWM
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 17, 2025