Мицкоски: МВР ќе донесе забрана за пиротехнички средства во затворен простор

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување на телевизија Сител, најави дека Министерството за внатрешни работи (МВР) е задолжено да донесе правен акт со кој ќе се забрани употребата на пиротехнички и запаливи средства во затворени простори.

„Го задолживме МВР да донесе соодветен заклучок или уредба со која целосно ќе се забрани користењето на пиротехнички и запаливи средства во затворени простории. По завршувањето на инспекциските контроли низ целата држава, сите објекти што ќе останат во функција ќе мора да ги исполнуваат минималните технички услови“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека процесот на инспекција нема да трае повеќе од една до две недели, а веќе од почетокот на наредната недела се очекува многу појасна слика за состојбата.

„Голем дел од објектите, свесни дека не ги исполнуваат условите, сами признаваат дека чувствуваат вина и совеста им проработела. Тие веќе најавуваат дека нема да ги отворат своите објекти. Секако, ќе добијат и официјален документ дека не смеат да работат“, истакна премиерот.

Мицкоски заврши со коментар дека иако сите мерки ќе бидат преземени, изгубените животи не можат да се вратат. „Попусто е сето ова… Отидоа луѓето. Но, ќе направиме сè што можеме, верувајте“, рече тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното