Премиерот Христијан Мицкоски денеска им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи за успешно реализираната набавка и завршениот проект, истакнувајќи дека со тоа се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството.

„Јас би сакал да им честитам на вработените, на министерот и на сите кои го водат Министерството за успешно завршениот проект. Она што за мене е многу важно е што со тоа се подобрува мобилноста на припадниците на МВР“, рече Мицкоски.
Премиерот потенцира дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти, бидејќи безбедноста и борбата против криминалот и корупцијата остануваат врвен приоритет. „Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во овој процес“, додаде тој.
Мицкоски исто така им се заблагодари на сите единици кои учествувале во проектот, со надеж дека ќе се користи што помалку, што значи помалку криминал и криминалци. „Уште еднаш, нека е со среќа“, заклучи премиерот.
