Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5, а дизелот под 2,5 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата очекува значително намалување на цените на горивата. Според направените анализи на енергетските пазари и берзанските движења од изминатата недела, се предвидува бензинот да поевтини за 1,5 денари, додека цената на дизелот да се намали за 2,5 денари по литар.

Мицкоски упати извинување до јавноста што се обраќа во предвечерието на големиот христијански празник Велигден, но истакна дека чувствува одговорност навремено да ги информира граѓаните за позитивните очекувања од претстојната седница на Регулаторната комисија за енергетика.

Нови предвидени цени на пумпите:

  • Евросупер БС-95: 82 денари за литар;
  • Евросупер БС-98: 84 денари за литар;
  • Евродизел: 95,5 денари за литар.

Во овие цени не се пресметани дополнителните комерцијални попусти кои ги нудат одредени дистрибутери на нафтени деривати.

Социјални мерки и даночни олеснувања

Премиерот потврди дека Владата продолжува со активната примена на заштитните мерки за стандардот на граѓаните. И во следната недела останува на сила намалената стапка на ДДВ за енергенсите (од 18% на 10%), како и приспособувањето на акцизите согласно движењата на светските берзи.