Мицкоски не ја признава оставката на Филипче до Заев, бара истата да ја достави до Собрание – ако не имаат план кој Џафери не го прифаќа

Политички препукувања, барање одговорност, но засега таква никој не понесе по трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 пациенти кои се лекуваат од коронавирус.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски вчера на прес конференција рече дека Министерот за здравство Венко Филипче оставката треба да ја достави до Собранието, а не до Владата. Доколку тоа не го направи тој вели дека тие како партија со поддршка на други партии ќе поднесат предлог до Собранието за разрешување на министерот.

Интересно е тоа што, партијата нема да го искористи регуланиот начин за поднесување интерпелација и барање на одговорност, бидејќи според нив тоа би завршило само во фиоката на првиот парламентарец Талат Џафери.

Но претседателот Џафери не се согласува со ова, тој вели дека партиите не можат да се договорат, а не дека тој ги држи интерпелациите кај него во фиока.

Во однос на најави и ултиматумот од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не може и нема друго решение за разрешување на јавен функционер освен поднесување на интерпелација.

Како се ова ќе заврши ќе се знае утре, за кога е закажана и пленарна седница, на која пак долку премиерот Зоран Заев ја прифати оставката на Венко Филипче истата ќе биде потврдена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното