Додека премиерот Зоран Заев во Охрид заедно со лидерите од регионот одржаа средба наречена Балкански Шенген, шефот на опозицијата Христијан Мицкоски излезе на прес конференција каде истакна дека Македонија нема друга алтернатива од полноправното членство во НАТО и ЕУ. Во врска со средбата во Охрид, Мицкоски рече дека не бил известен за што ќе се разговара на таа средба.
Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања рече дека во изборните листи нема да има место за луѓе кои се осудувани за криминал.
Опозицискиот лидер ја критикуваше владата за неуспехот во однос на инвеститорите во земјава како и потфрлањето за ветувањата во инфраструктурата, како патот Куманово – Крива Паланка, Росоман – Прилеп и Скопје – Блаце.