Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне 100 тони

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне 100 тони

По заплената на 40 тони марихуана од страна на МВР, постапувајќи по налог на Обвинителството, премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата на наредната седница ќе донесе одлука за проверки во сите компании што поседуваат лиценца за одгледување медицински канабис.

Според него, контролите треба да утврдат дали има отстапувања од законските прописи, а не ја исклучи можноста количините произведени спротивно на законот да достигнат и до 100 тони. Мицкоски изрази очекување дека истрагата ќе покаже кој и од кои причини го изменил правилникот за одгледување канабис, за кој тврди дека е во колизија со законот, како и што се случувало со растителните остатоци.

Премиерот посочи дека запленетата марихуана ќе биде складирана во посебни депоа до правосилно завршување на постапката, по што ќе биде уништена. Во меѓувреме, компаниите што легално произведуваат масло од канабис за извоз ќе продолжат со работа во рамки на важечките прописи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни