Во изјава за медиуми од посетата на тренинг центарот во Идризово, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ очекува да имаат убедлива победа на локалните избори.
-Јас очекувам врз бројките на коишто ги добивам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. На настанот вчера јасен бев и и прецизен можеби онаму кадешто е конкурентен СДСМ се 2 до 3 максимум 4 општини. Да бидам искрен ако вака продолжат не одговорно да се однесуваат можеби и да немаат освоено општина на следните локални избори. Гледам и тие малкумина коишто ги подржуваат играат на картата на кратко помнење на граѓаните и нормално нехилистичка политика, се што прави оваа Влада не чини, па не може се што прави оваа Влада да не чини, вели Мицкоски.
Мицкоски најави кон крајот на месец ноември почеток на декември да има голем број структурни промени во рамките на структурите на партијата и на општинските комитети.