Мицкоски од Струмица: Доаѓаат претседателски избори, очекуваме голема победа

Се чини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ интензивно се подготвува за претседателските избори кои треба да се одржат на пролет. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, заедно со неговите партиски колеги беше во посета на Струмица, поточно во индустриската зона Сачево, каде како што рече, пред неколку години Заев најавил дека ќе има 16 фабрики и дека ќе бидат вработени 2.500 граѓани на Општина Струмица. Како што вели Мицкоски, токму оваа зона е доказ дека не треба да се даде довербата на политичарите кои што ништо не исполнуваат. Воедно порача дека се ближат претседателските избори, а ВМРО-ДПМНЕ очекува голема победа.

„Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, нити една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат“, изјави Христијан Мицкоски.

Се вчитува...

Извор: ТВ21