Македонија

Мицкоски: Од земја со корупција до економска стабилност и раст

Мицкоски: Од земја со корупција до економска стабилност и раст

Континуираниот раст на индустриското производство е позитивен сигнал за македонската економија, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според податоците за Јули 2025 година, индустриското производство е зголемено за 4,1% во споредба со истиот месец лани, а преработувачката индустрија, како носечки сектор, бележи раст од 7%.

Кумулативно, индустриското производство во првите седум месеци од годината порасна за 3%, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,5%, што, според Мицкоски, укажува на целосна промена во структурата на економијата.

„Расте бројот на туристи и ноќевањата, бруто-домашниот производ, цената на откуп на земјоделските производи, градежништвото, трговијата и други сектори. Од земја со секојдневен криминал и корупција, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност“, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Мицкоски истакна дека владата ќе продолжи со чекор по чекор подобрување на економијата, со патриотска политика и дипломатски активности насочени кон заштита на националните интереси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни