Христијан Мицкоски вечерва по средбата со Коалицијата, истакна дека кандидатот Гордана Силјановска Давкова ќе победи, и тоа, според него, ќе биде почеток на поразот на „заевизмот“.
„Една од одлуките кои што ги донесовме како Коалиција „За подобра Македонија“ дека комплетно Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициона и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова.
Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова.
Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери.“, изјави Мицкоски.