Македонија

Мицкоски: Подготвени за дијалог, но ултиматуми не прифаќаме!

Мицкоски: Подготвени за дијалог, но ултиматуми не прифаќаме!

Во изјава за медиумите по денешните средби со новиот комесар за проширување Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на Брисел, истакна дека Владата останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за сè што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.

-И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она коешто ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија, изјави Мицкоски.

Порача дека Владата останува посветена на обезбедување подобар живот за граѓаните и дека како дел од таа агенда е и инспирацијата државата да биде дел од европското семејство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни