Македонија

Мицкоски: Пожарите во Трубарево и Вардариште под контрола, завршува затрупувањето на Дрисла

Мицкоски: Пожарите во Трубарево и Вардариште под контрола, завршува затрупувањето на Дрисла

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Куманово изјави дека ситуацијата со последните пожари е ставена под контрола. Тој посочи дека пожарите во Трубарево и Вардариште се локализирани, а денеска ќе заврши и целосното затрупување на депонијата Дрисла.

„Сите параметри што ги добивме од Институтот за јавно здравје се во рамките на дозволеното. Пожарите во Трубарево и Вардариште се веќе завршена работа. Во Дрисла денеска завршува затрупувањето, иако повеќе од 90% беше завршено уште во понеделникот,“ изјави премиерот.

Тој ја обвини опозицијата дека со ваквите настани се обидува да собира политички поени, нагласувајќи дека Владата има јасна стратегија и визија за справување со предизвиците.

„Ќе се бориме и ќе победиме. Ситуацијата со пожарите е под контрола,“ порача Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни