Македонија

Мицкоски: Прифатени нашите забелешки, но немаме гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев вечерва на лидерската средба, истакна дека прифатени се забелешките од опозицијата, и договорено е двата изборни штаба да имаат подобра соработка, со надеж дека ќе се приклучи и третиот кандидат. Мицкоски е убеден дека идниот претседател ќе биде Гордана Силјановска – Давкова.

„Разговаравме за претседателските избори. Да, од страна на претседателот на Владата беа прифаени нашите забелешки, истите беа примени и сослушани. За дел од нив рече дека треба да се консултира со неговите соработници. Договоривме покооперативна соработка помеѓу двата изборни штаба на двата конкурента. Се надевам дека и третиот кандидат ќе ни се приклучи.

Засега немаме гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски. Затоа беше средбата, ги кажавме забелешките, да дадеме шанса да може владата да се корегира во своето однесување, и така би добиле еден фер процес во кој повторувам дека идниот претседател ќе биде Гордана Силјановска – Давкова“, истакна Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни