МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО МАВРОВО-РОСТУШЕ: „Ова е тежок дебакл за СДСМ – ние имаме 56 градоначалници, тие само 6“

Мицкоски оцени дека изборниот ден поминал во демократска и мирна атмосфера, што според него е доказ дека институциите функционираат, а демократските процеси во земјата се зацврстуваат.

Конечниот резултат: 56 наспроти 6

Заокружувајќи го циклусот на локални избори, Мицкоски направи „биланс на состојбата“ на политичката мапа во Македонија, нагласувајќи ја огромната разлика во освоени општини помеѓу власта и опозицијата.

„Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини, СДСМ во шест. Тоа е јасен политички суд на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Се вчитува...

„Порака за раководството на СДСМ“

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, овие бројки не се само статистика, туку порака дека изиграната доверба има цена.

„Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и нејзиното актуелно раководство“, заклучи Мицкоски, додавајќи дека граѓаните слободно и одговорно го дале својот суд.