На денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше единствен кандидат и едногласно реизбран за претседател на партијата.
„Вечерва, на овој конгрес, не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Се потврди и недвосмислено зајакна решителноста да излеземе од кругот на стравот, поделбите, ниските амбиции и политичките навики што ја влечеа државата назад. Благодарам за овој ден. Благодарност и честитки за организацијата на овој настан и луѓето кои земаа учество. ВМРО-ДПМНЕ вечерва затвора едно поглавје на транзиции, кризи, напади, притисоци и неправди. И го отвора поглавјето на зрелост“, изјави Мицкоски по реизборот.
Конгресот, кој се одржа во Кавадарци, е важен чекор во зацврстувањето на лидерската позиција на Мицкоски и во дефинирањето на стратешката насока на партијата за наредниот период.