Мицкоски: Сега 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик, да ја зачуваме Македонија од обидите за уцени, а да продолжиме по европскиот пат – Гласот тогаш беше храброст, гласот сега ќе биде храброст

„Гласот на референдум ја направи Македонија независна. Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена. Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додава: Пред 31 година дадовме завет дека ќе направиме се независна Македонија да биде држава со којашто ќе се гордееме. Огромен предизвик беше референдумот за нашата независност. Многу прашања, дилеми и критики имаше и тогаш, но времето покажа дека овој чекор беше историски. Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик. Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија. Гласот тогаш беше храброст. Гласот сега ќе е храброст. Нека ни е честит и вековит 8 Септември! Да живее Македонија!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното