Мицкоски со плата над 140.000 денари, Тошковски со додаток за ризик – колку заработува премиерот и министрите?

Највисока плата прима премиерот Христијан Мицкоски, додека веднаш зад него, поради законски додатоци, се наоѓа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Листата ги опфаќа нето износите на платите на Претседателот на Владата, неговите заменици и сите ресорни министри.

Мицкоски со над 140.000 денари, Тошковски со додаток за ризик

Премиерот Христијан Мицкоски прима месечна нето плата во висина од 140.450 денари.

Интересен е податокот за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Иако неговата основна плата е иста како и на останатите министри (115.540 денари), тој добива дополнителни 24.865 денари.

Овој додаток од 20% се исплаќа согласно решение од 2017 година за зголемување на платата утврдена за извршување на функцијата министер за внатрешни работи. Со ова, неговите вкупни примања достигнуваат околу 140.405 денари, што е речиси изедначено со премиерската плата.

Сите министри со иста „рамна“ плата

Останатите членови на Владата, вклучително и вицепремиерите, имаат унифицирана нето плата од 115.540 денари. Оваа сума ја примаат петтемина заменици на претседателот на Владата:

  • Изет Меџити (Поранешен прв вицепремиер и екс министер за животна средина);
  • Александар Николоски (Транспорт);
  • Арбен Фетаи (Добро владеење);
  • Љупчо Димовски (Политички систем);
  • Иван Стоиљковиќ (Односи меѓу заедниците).

Истиот износ од 115.540 денари важи и за останатите ресори, вклучително и за министрите Гордана Димитриеска Кочовска (Финансии), Тимчо Муцунски (МНР), Владо Мисајловски (Одбрана) и другите министри наведени во листата.

Плати на Претседателот и министрите во Владата

Име и ПрезимеФункцијаНето
плата
(денари)
Претседател на Влада на Република Северна Македонија
Христијан МицкоскиПретседател на Владата140.450,00
Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија
Изет МеџитиПрв Заменик на Претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање115.540,00
Александар НиколоскиЗаменик претседател на Владата и министер за транспорт115.540,00
Арбен ФетаиЗаменик претседател на Владата задолжен за добро владеење115.540,00
Љупчо ДимовскиЗаменик претседател на Владата за политички систем115.540,00
Иван СтоиљковиќЗаменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците115.540,00
Министер во Владата на Република Северна Македонија
Владо МисајловскиМинистер за одбрана115.540,00
Панче ТошковскиМинистер за внатрешни работи115.540,00
* 24.865,00
Игор ФилковМинистер за правда115.540,00
Тимчо МуцунскиМинистер за надворешни работи и надворешна трговија115.540,00
Орхан МуртезаниМинистер за европски прашања115.540,00
Гордана Димитриеска КочовскаМинистер за финансии115.540,00
Бесар ДурмишиМинистер за економија и труд115.540,00
Сања БожиновскаМинистер за енергетика рударство и минерални суровини115.540,00
Цветан ТрипуновскиМинистер за земјоделство, шумарство и водостопанство115.540,00
Азир АлиуМинистер за здравство115.540,00
Весна ЈаневскаМинистер за образование и наука115.540,00
Фатмир ЛиманиМинистер за социјална политика, демографија и млади115.540,00
Златко ПеринскиМинистер за локална самоуправа115.540,00
Зоран ЉутковМинистер за култура и туризам115.540,00
Стефан АндоновскиМинистер за дигитална трансформација115.540,00
Горан МинчевМинистер за јавна администрација115.540,00
Борко РистовскиМинистер за спорт115.540,00
Шабан СалиуМинистер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите115.540,00

*На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.