Македонија

Мицкоски: Точно е дека бев во ресторан во Дебар Маало, но не бев доволно информиран за новите протоколи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил открива дека точно е дека бил во ресторан во Дебар Маало со двајца негови познаници, но додава дека не бил информиран доволно за новите протоколи.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива“, пишува Мицкоски.

Во продолжение целиот ФБ статус на Христијан Мицкоски:

Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 3. Juni 2020

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни