Мицкоски: Владата без компромис против криминалот и корупцијата

Денеска, на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова тело не е формалност, туку јасна порака дека државата системски и бескомпромисно ќе се спротивставува на криминалот и корупцијата.

„Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток“, рече Мицкоски, додавајќи дека се очекуваат нови случаи, темелни истраги и резултати кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите.

Премиерот јасно порача дека нема селективна правда, нема заштитени и нема недопирливи, а украденото мора да се врати кај народот. „Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, каде борбата против корупцијата е државна политика, а институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци“, истакна Мицкоски.

Тој потенцира дека ова е борба за правна држава, за доверба и за достоинството на граѓаните, и дека Владата нема да отстапи во таа борба.