Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети градот Струга, каде што изврши увид во тековната реализација на долгочекуван инфраструктурен проект. Тој нагласи дека овој проект е значаен за локалната заедница и дека граѓаните го очекувале со децении.
„Со реализацијата на вакви проекти ширум Македонија, Владата го разби стереотипот дека политичарите гледаат само за себе. Ние не сме чудотворци, но ќе го оставиме срцето на терен за граѓаните да добијат поквалитетен живот. Тоа е нашата единствена инспирација“, порача премиерот Мицкоски.
Тој потенцираше дека Владата е посветена на конкретни дела кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, а не на празни ветувања.
