Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“ напиша статус дека се наоѓа во Струмица, притоа додаде го напишал тоа да не го мислат пријателите на премиерот и да одмори Бентлито, алудирајќи на тоа што бил следен од автомобил со струмички таблици во Будимпешта пред неколку дена.
„Штотуку дојдов во Струмица, вечер ќе присуствувам на трибина и разговор со граѓаните. Кажувам за да не ме мислат роднините и пријателите на премиерот, нека одмори бентлито на власта, бидејќи ќе му претстои напорна работа зошто ние ќе ја обиколиме цела Македонија, секој град, село, маало и улица посветени на ширењето на вистината, борбата за правда и вербата во вредности. За Македонија!“, напиша Мицкоски.