Мицкоски: Време е да учиме од најдобрите и да изградиме наше, македонско подобро утре!

Денеска имавме средба со Ника Гилаури, поранешен премиер на Грузија. Човек кој, во време на глобална економска криза, успеа да ја стабилизира економијата на Грузија, да го намали јавниот долг како процент од БДП и да го забрза економскиот раст. За време на неговото владеење ја искорени корупцијата во енергетскиот и финансискиот сектор, воведе едноставен и праведен даночен систем и ја позиционираше Грузија меѓу 10-те најдобри земји во светот за водење бизнис според Светска банка, напиша на својот фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

„Сега, Ника Гилаури е дел од Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“, иницијатива за споделување искуства и практики што носат реални промени. Ги сподели своите искуства, практични совети и инспиративна приказна, како реформите ако се прават со волја и чесност, навистина можат да донесат резултати.

Впечатоците се силни, инспирацијата е голема, а мотивацијата уште поголема. Време е да учиме од најдобрите, не за да копираме, туку за да изградиме наше, македонско, подобро утре“, вели Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното