Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“.
„Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите – оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача ‘ајде сега закачај се’, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, изјави кусо Мицкоски, алудирајќи дека Георгиев има задача да предизвикува провокации.
Премиерот порача дека не вреди да му се обрнува внимание, бидејќи според него, зад Георгиев стои некој друг што го насочува.
Георг Георгиев, инаку, во интервјуто се пофали дека Бугарија станала фактор во ЕУ и регионот, и дека Македонија треба да го има тоа предвид, а за Мицкоски употреби формулацијата „северномакедонски премиер“, што предизвика бурни реакции.