Македонија

Мицкоски за посетата на Јотова во Битола: Добредојдена е ако е со чесни намери, не би сакал да верувам дека е провокација

Мицкоски за посетата на Јотова во Битола: Добредојдена е ако е со чесни намери, не би сакал да верувам дека е провокација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска за посетата на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Битола, истакна дека е добредојдена доколку е со чесни намери.

„Јас не би сакал да верувам дека е тоа провокација. Македонија е слободна земја, ние сме гостољубив народ и секој кој што е дојден со чесна, добра намера ќе биде добредојден. Ние може само да му подадеме рака и да му го направиме престојот овде што поубав без разлика дали е тоа потпретседателот на Бугарија или на некоја друга држава. Се додека има чесна намера е добредојден. Доколку нема чесна намера и доколку оваа посета се користи за политичка провокација, тогаш треба да наиде на осуда од страна на властите, на осуда на граѓаните од Битола и од сите политички и општествени чинители. Но јас сум уверен и се надевам дека посетата е од приватен карактер и е со добра намера, а не со намера да се испровоцира скандал и реакција од страна на овој мирољубив народ“, рече Мицкоски.

Инаку, посетата на бугарската потпретседателка Јотова во Битола е во приватна посета со сопствена агенда кога се одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни