Мицотакис: Ципрас да даде оставка, Грција има потреба од нова влада - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Мицотакис: Ципрас да даде оставка, Грција има потреба од нова влада

Премиерот мора да преземе одговорност и да даде оставка, а на земјата и е потребна нова влада, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече Мицотакис.

The post Мицотакис: Ципрас да даде оставка, Грција има потреба од нова влада appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com