AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Младинскиот Форум на Алијанса за Албанците ги “расцути“ дупките по улиците на Тетово!

Младите на Алијанса за Албанците, синоќа во една преземена активност, ги покрија дупките низ улиците на Тетово, ставајќи цвеќиња во нив.

Овој гест од ФРАШ го привлече вниманието на граѓаните. Со оваа акција ФРАШ испраќа порака до Градоначалничката на Општина Тетово, воедно и кандидат за градоначалничка на општина Тетово, Госпоѓа Теута Арифи, за длабоките дупки по улиците на градот во коишто може да се засадат и цвеќиња.

Оваа преземена акција од страна на ФРАШ е истотака и со намера да се иронизира со зелената агенда на ДУИ коишто ја промовираат како агенда за локалните избори. Но, граѓаните во сите општини се сведоци за тоа како управувале градоначалниците на ДУИ по општините, оставајќи ги улиците со отпадоци, со дупки и без ниедна зелена површина или парк за децата.