Поврзи се

4NEWS.mk

Младите работници не ги знаат своите права, не се информирани ниту за заминувањето во пензија

Published

on

 
Помалку од половина од младите сметаат дека се запознаени со правата од работен однос, но високи 70 проценти имаат ниско или многу ниско ниво на информираност за своите права, покажува истражувањето спроведено во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора во рамки на меѓународниот проект „Права на работа, работа за права“ поддржан од Еразмус плус програмата.
 
– Интересно е и тоа што младите потпишуваат сѐ, ама најчесто не читаат што потпишуваат, па така ќе стават потпис на решението за распоредување без притоа да погледнат што стои во него, а ова е многу важно затоа што потоа при несакани случки токму тоа може да биде клучно, се вели во заклучоците од истражувањето.
 
Еден дел од младите се изјасниле дека го читаат Законот за работни односи и правилниците во органзиацијата, а како значен извор на информирање за своите права од работен однос 37 проценти од испитаниците го посочиле Синдикатот, 32 проценти дека се информирале самостојно, а 20 проценти тоа го направиле преку организацијата во која работат.
 
Истражувањето покажа дека скоро сите испитаници се запознаени со поимот мобинг, но она што загрижува е фактот дека дури 54 проценти од младите не се информирани за заминувањето во пензија.
 
Жените се повеќе информирани и подобро запознаени од своите права отколку мажите, а значајни разлики за степеност на информмираност има меѓу лицата со различен степен на образование. Најслабо информирани за своите права се работниците со средно образование за разлика од нивните колеги со високо образование.
 
Затоа дел од препораките се синдикатите да изнајдат начини и форми овие разлики да се намалат и да се работи на поголема едукација и информираност на младите за нивните права.
 
Според Александра Кнезевиќ, координатор на проектот и програмски директор на Развојниот центар за млади во Белград, само задоволен работник, може да биде продуктивен работник.
 
– Нашата цел беше да ја подигнеме свеста на младите вработени со цел да ја подобрат својата положба во работната околина, истакна Кнезевиќ на завршната конференција што изминатиот викенд се одржа во Белград.
 
Како дел од овој регионален проект од декември лани до декември годинава реализирани се голем број активности насочени кон информирање и едукација на младите вработени за нивните права од работен однос. Обучени се 36 едукатори кои одржале 40 работилници на кои учествувале над 600 млади. Изработени се и 10 видео клипови со најчестите прашања и одговори со кои се соочуваат младите, како и брошура за правата од работен однос.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во прилепско, еден загинат, едно лице повредено

4NEWS.mk

Албанија ќе воведува задолжително носење заштитна маска и парични казни за неносење

Македонија

Чулев: МВР превзема мерки за расчистување на кривично дело „поткуп при избори и гласање“

4NEWS.mk

Бреша: Балотели тежи 100 килограми, затоа не игра

Македонија

Листа на најмоќните пасоши во Светот – македонскиот на 47-мо место и со пад во однос на минатата година

4NEWS.mk

Гратче во САД со уникатна идеја за борба против корона-кризата

Македонија

Пандемијата не стивнува, Филипче уверува дека болничките капацитети се доволни за прием на пациенти

Македонија

Зијадин Села во „Изборни дебати“ на ТВ21 одговара дали по изборите ќе коалицира со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

4NEWS.mk

Ковид-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти

4NEWS.mk

Македонецот Николовски ќе игра на Афробаскет 2021г

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија