Според информации добиени од нашата Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја.
„Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада“, велат од МНР.