МНР постави натпис и нови табли на зградата, но не и на албански јазик.
За натписот на МНР, побаравме одговор од портпаролката на ова министерство. Таа ни рече одговорот да го побараме во Владата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски рече дека за ова прв пат слуша.
Според портпаролот Миле Бошњаковски институциите кои не го почитуваат законот за употреба на јазиците ќе бидат санкционирани како што предвидува законот.
Потпретседателот на меѓуресорската група за спроведување на законот за употреба на јазиците, Тахир Хани вели дека ќе има санкции за правните лица кои не го почитуваат албанскиот јазик.
-Институциите кои не го почитуваат законот за употреба на јазиците при поставувањето на таблите и натписите, и овие табли и натписи следат по измената на уставните амандмани кои произлегуваат од Рамковниот договор, направија измена на името, но не ја почитуваа службената употреба на јазикот, го прекршиле законот и немаат оправдување за тоа.-вели Хани.
Инаку, таблите со новото име на државата почнаа да се поставуваат на граничните премини. Владата објави и листа на институции кои што ќе треба да ги заменат таблите. На објавената листа, имињата на некои институции биле напишани и на албански, но со многу правописни грешки.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ